|
Пофалби од Европската Асоцијација на Фестивали:
ОХРИДСКО ЛЕТО Е ПРИМЕР ЗА ФЕСТИВАЛИТЕ ВО СВЕТОТ
Генералната секретарка на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) Кетрин Девентер ќе присуствува на отворањето на 50-тото издание на Фестивалот Охридско лето.
Во нејзиното писмо, во кое му го честита 50-годишниот јубилеј, таа пишува за Фестивалот како за значаен партнер на ЕФА, и дека од почетокот кога станал член во 1994 година, придонесува во мисијата и проектите на ЕФА. "Потпирајќи се на неговата долга и богата традиција, Охридско лето, без сомневање, оди кон нови предизвици, кои водат кон побогати и сестрани уметнички достигнувања. Фестивалот направи исклучителни постигнувања кои се пример за сите членови на ЕФА и за сите фестивали во светот. Охридско лето е еден од најпознатите фестивали во Европа и е од извонредно значење за македонската култура", пишува, меѓу другото, Девентер во писмото. Преземено од:
www.vest.com.mk 03 March 2010
|