|
Дорис Пак ќе дојде на Охридско лето
Претседателката на Европската комисија за образование и култура, ДорисПак, ќе биде почесен гостин на 50. издание на фестивалот Охридско лето.Таа со задоволство ја прифатила поканата на директорот на фестивалотТони Симоновски, импресионирана што во Македонија постои една такваинституција која слави голем јубилеј.
Симоновски ја покани Пак напочетокот на месецов, кога двајцата се сретнаа како гости на фестивалотСараевска зима во главниот град на Босна и Херцеговина. Во Сараево,Охридско лето доби Повелба за ширење на културата на Балканот, а Пакприсуствуваше на претставата „Шехерезада“ во изведба на нашиотнационален балет на отворањето на Сараевска зима. Најстаратамузичко-сценска манифестација во нашата земја годинава ќе го слависвојот педесетти роденден. Преземено од: www.dnevnik.com.mk 26 February 2010
|