|
ФЕСТИВАЛОТ „ОХРИДСКО ЛЕТО“ ЌЕ ИЗДАДЕ ПОШТЕНСКА МАРКА ПО ПОВОД 50-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ
Фестивалот „Охридско лето“ за прв пат ќе издаде поштенска марка по повод јубилејот 50 години од постоењето.
- На марката ќе бидат поместени мотиви од внатрешноста на катедралната црква Св. Софија, што го симболизира создавањето на фестивалот, а на неа ќе го има и логото на манифестацијата, ни изјави Тони Симоноски, директор на Фестивалот „Охридско лето“. Проектот Фестивалот го реализира во соработка со Македонски пошти, а марката ќе биде промовирана во јуни. Покрај печатењето на поштенска марка од фестивалската управа најавуваат и повеќе други проекти со кои достоинствено ќе биде одбележан големиот јубилеј. 20 February 2010
|