Фестивал
Охридско лето

12.Јули - 20.Август

Календар на настани

Јули - 2010
П В С Ч П С Н
  1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  

Август - 2010
П В С Ч П С Н
  1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31  

Brochure 2010

Министерот Бесими ги додели признанијата на најуспешните настани за 2009 година кои придонесоа за развој на туризмот во Македонија


„Денеска сме собрани да го одбележиме овој светски настан – 27 септември, Меѓународниот ден на туризмот - и дадеме придонес на сите оние мали нешта кои го прават голем туризмот во државата.  Разните манифестации и настани кои се случуваат во нашата држава се надалеку познати и промовирани во големите ТВ и печатени медиуми. Звукот на музиката, текстовите од прозата и поезијата, фолклорот со неговата етно душа, маските од карневалите ги запознаваат и ќе ги запознаваат публицистите, новинарите, туристите и уметниците кои престојуваат во нашата земја за нашето вековно природно и духовно богатство. Скромно, но со искрени намери посакуваме уште поголема афирмација на нашите туристички вредности и на Македонија во светот“, министерот за економија Фатмир Бесими ги поздрави присутните во Клубот на пратеници на церемонијата на доделување на признанијата за манифестација која најмногу придонела за развој на туризмот во Македонија, која се одржувапо повод 27 септември – Меѓународниот ден на туризмот.

Ова е прва ваква акција во организација на Министерството за економија, со која пригодно ќе се одбележи овој празник на туристичките работници, но втор настан годинава во чест на истиот повод, после саботната конференција за туристички развој на Шарпланинскиот регион, „Дијалози на Шара“, со која претседаваше министерот Бесими.

Имено, врз основа на упатениот повик до туристичките комори и здруженија за номинирање на најуспешни настани за 2009 година, пристигнаа вкупно 9 предлози, и тоа: Крушево етно – град, Вевчански карневал, Фестивалот „Охридско лето“, „Малешевијата на дланка“ – Берово, Пиволенд – Скопје, Струшки вечери на поезијата, презентацијата на Македонија во CNN Травелер и британските туроператори, Охридскиот хорски фестивал и освоеното прво место во гастро - натпреварите од страна на хотелот „Молика“ и нивниот персонал.

За таа цел, комисијата за доделување на награди по повод манифестацијата “ Ден на туризмот“ како најуспешни од аспект на туристичка промоција ги прогласи манифестациите: Фестивалот „Охридско  лето“, при што признанието го прими директорот на фестивалот г-дин Тони Симоновски; Струшките вечери на поезијата, за кои признание му беше врачено на членот на управниот одбор г-дин Џеми Хајрдени; Вевчанскиот карневал, од каде присуствуваше организаторот г-дин Горан Самоиловски, Крушево етно - град, при што признанието отиде во рацете на организаторот на проектот г-дин Ранко Петровиќ, како и презентацијата на Македонија во CNN Травелер и британските туроператори, за кое признанието беше врачено на претседателот на туристичко-угостителската комора во состав на Сојузотна стопанска комора, г-дин Огнен Циговски.

Пред присутните се обратија и г-дин Емил Димитровски од Стопанската комораза туризам на Македонија и Миодраг Атанасиевски, претседател на туристичка комора на Македонија.

Министерот Бесими го претстави и значењето на туризмот како стопанска гранка за развојот на економијата, што се отсликува преку вкупното учество во БДП-то, во позитивниот раст на девизниот прилив и со тоа, во подобрување на платниот биланс и вкупното вработување. 

„Затоа Владата на Република Македонија, во својата Програма, стави силен акцент на севкупниот развој на туризмот и тоа преку: зајакнување на институциите– со формирање на Агенција за поддршка и промоција на туризмот и изработка на Стратегија за развој на туризмот која е во владина процедура, реформи во даночниот систем – преку разни олеснувања во процесот на привлекување на инвестиции, директно вклучување на јавниот сектор – подобрување на состојбата на туристички и културни локалитети и споменици, опрема, одредување и заштита на правци и патеки од интерес на туризмот, соодветна сигнализација, како и во процесот на промоција – изработка на националниот туристички водич на неколку странски јазици, изработка на Интернет страница, организирање на презентации и посети на странски туроператори и специјализирани новинари, засилено и проактивно претставување на меѓународни саемски манифестации, конгреси, форуми“, изјави Бесими, доделувајќи им ги признанијата на најуспешните и честитајќи им го Меѓународниот ден на туризам на сите туристички работници во Македонија
16 November 2009
Ексклузивни спонзори
Главни спонзори
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor