
Во пресрет на своето 48-мо издание, Фестивалот Охридско Лето, потпирајќи се на долгогодишната и богата културна традиција, сигурно чекори кон новите предизвици кои треба да донесат нови, побогати и поразновидни уметнички остварувања. Во градот на древноста и древната културна историја, во градот со ретките природни убавини каде што секое катче за себе претставува мамка за фестивалски настан, и ова фестивалско издание се очекува да блесне во сиот свој сјај. Во традиционалниот термин 12 јули – 20 август Охрид по 48–ми пат ќе биде центар на извонредно богати и атрактивни културни збиднувања што ќе придонесат граѓаните и љубителите на уметностите од Македонија и ширум светот да уживаат и да се релаксираат во богатата и културна понуда на Фестивалот.

Последни вести
30 June 2008
12 February 2008
10 January 2008
27 August 2007
23 August 2007
Фестивалот Охридско лето е основан во 1961 година. Првиот официјален фестивалски настан е концертот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ на ден 4 август 1961 год.
Фестивалот се одржува секоја година во традиционалниот термин 12 јули-20 август. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Покровител на Фестивалот е Претстадателот на Република Македонија.
Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.
Во текот на изминативе 46 години, на Охридско лето настапиле многу домашни и странски музички уметници и музички и театарски ансамбли, а меѓу нив и прочуените светски имиња како: Zubin Mehta, Jose Carreras, Mstislav Rostropovich, Gideon Kremer, Maxim Wengerov, Vadim Repin, Julian Rachlin, Henryk Szeryng, Elena Obrascova, Katia Ricciarelli и др.
Поврзани линкови
Спонзори
Помагатели
Медиумски помагатели