
Нашата најголема летна културна манифестација - Фестивалот „Охридско Лето“ оваа година ќе го има своето 49-то издание. Сигурно е дека и ова лето во традиционалниот термин 12 јули - 20 август, Фестивалот повторно ќе блесне во сиот свој сјај, носејќи уште побогати и разновидни уметнички остварувања.
Охридско Лето уште еднаш достоинствено ќе се претстави пред македонската, европската и светската културна јавност и ќе се докаже како многу значаен фактор во остварувањето на една плуралистичка благородна мисија на рамноправен натпревар на врвните уметнички вредности од сите меридијани.
Фестивалот и во своето 49-то издание ќе го потврди високиот меѓународен углед на манифестација со највисоки уметнички дострели и со сите нему својствени карактеристики и специфичности што го прават посебен , препознатлив и единствен во овие наши простори.
Последни вести
04 June 2009
19 May 2009
28 April 2009
11 March 2009
17 January 2009
Фестивалот Охридско лето е основан во 1961 година. Првиот официјален фестивалски настан е концертот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ на ден 4 август 1961 год.
Фестивалот се одржува секоја година во традиционалниот термин 12 јули-20 август. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Покровител на Фестивалот е Претстадателот на Република Македонија.
Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.
Во текот на изминативе 48 години, на Охридско лето настапиле многу домашни и странски музички уметници и музички и театарски ансамбли, а меѓу нив и прочуените светски имиња како: Зубин Мехта, Хозе Карерас, Мстислав Ростопович, Џеси Норман, Викторија де Лос Анџелес, Гидеон Кремер, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Хенрик Шеринг, Елена Обраскова, Катја Ричарели и др.
Поврзани линкови
Спонзори
Помагатели
Медиумски помагатели